Врз основа на Законот за заштита на личните податоци („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 42/20, 294/21 и 101/25) Друштво за трговија и услуги ПОДРАВКА ДООЕЛ Петровец, со седиште во Петровец, Скопје, ул. 9 Мултифункционална Индустриска зона Ќојлија бр. 4, (во понатамошниот текст: „ПОДРАВКА ДООЕЛ“) на ден 27.10.2026 година донесе:
ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
I. ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член 1
Предмет на Политиката
(1) Со оваа Политика за заштита на личните податоци (во понатамошниот текст: „Политика“) се воспоставува правната рамка за управување со заштитата на личните податоци во Друштвото за трговија и услуги ПОДРАВКА ДООЕЛ Петровец, со седиште во Петровец, Скопје, ул. 9 Мултифункционална Индустриска зона Ќојлија бр. 4 (во понатамошниот текст: „Подравка“ или „Друштвото“).
(2) Политиката ги утврдува:
- принципите за обработка на личните податоци;
- одговорностите во Друштвото;
- начинот на управување со активностите на обработка;
- начинот на идентификување и проценка на ризиците;
- основните правила за безбедност и доверливост;
- правилата за управување со обработувачи;
- правилата за остварување на правата на субјектите;
- правилата за постапување при нарушување на безбедноста;
- правилата за рокови на чување и бришење;
- начинот на одржување на документацијата и доказите за усогласеност.
(3) Оваа Политика претставува централен интерен документ во системот за управување со заштитата на личните податоци во Подравка.
II. ПРАВНА ОСНОВА
Член 2
(1) Политиката се донесува врз основа на:
- Законот за заштита на личните податоци („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 42/20, 294/21 и 101/25);
- Правилникот за безбедност на обработката на личните податоци („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 266/2024);
- другите подзаконски акти донесени врз основа на Законот;
- другите применливи прописи на Република Северна Македонија;
- интерните акти, процедури и методологии на Подравка.
(2) Во случај на измена на применливата законска или подзаконска рамка, оваа Политика периодично се преиспитува и усогласува согласно новите барања.
III. ОПФАТ
Член 3
(1) Политиката се применува на сите активности на обработка на лични податоци што ги врши Подравка.
(2) Политиката се применува на обработка на лични податоци:
- во електронска форма;
- во хартиена форма;
- преку информациски системи;
- преку cloud услуги;
- преку електронска пошта и системи за управување со документи;
- преку физички и електронски архиви;
- преку системи за видеонадзор и контрола на пристап;
- преку други средства за обработка.
(3) Политиката се применува на сите организациски единици, вработени и други лица кои во рамките на своите задачи обработуваат или имаат пристап до лични податоци.
IV. СИСТЕМ НА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
Член 4
(1) Системот за заштита на личните податоци на Подравка се заснова на меѓусебно поврзана документација.
(2) Оваа Политика претставува основен интерен документ кој ја регулира обработката и заштитата на личните податоци на Подравка, додека поединечните области се уредуваат со посебни документи.
(3) Системот за заштита на лични податоци на Подравка особено ги опфаќа:
- Политика за заштита на личните податоци;
- Регистарот на активности на обработка – ROPA;
- Каталогот на информациски системи;
- Методологијата за проценка на ризик при обработка на личните податоци;
- Регистарот на ризици;
- Правилникот за безбедност на обработката на личните податоци;
- Процедурите за остварување на правата на субјектите;
- Процедурата за управување со нарушувања на безбедноста;
- Проценките на влијанието врз заштитата на личните податоци – DPIA, кога се применливи;
- Проценките на легитимниот интерес – LIA, кога се применливи;
- Договорите со обработувачите;
- Известувањата и политиките за приватност;
- Другите релевантни интерни акти и евиденции.
(4) Деталните информации не се повторуваат во оваа Политика доколку веќе се уредени со наведените документи.
V. ОСНОВНИ НАЧЕЛА
Член 5
- законитост, правичност и транспарентност – личните податоци се обработуваат на законит, правичен и транспарентен начин во однос на субјектите на личните податоци;
- ограничување на целта – личните податоци се собираат за конкретни, јасни и легитимни цели и не се обработуваат на начин што е некомпатибилен со тие цели;
- минимизација на податоците – се обработуваат само оние лични податоци што се соодветни, релевантни и неопходни за исполнување на конкретната цел на обработката;
- точност – се преземаат соодветни мерки за личните податоци да бидат точни и, каде што е потребно, ажурирани, како и за неточните податоци без одлагање да бидат исправени или избришани;
- ограничување на рокот на чување – личните податоци се чуваат во форма која овозможува идентификување на субјектите само онолку долго колку што е потребно за исполнување на целите за кои се обработуваат, освен кога подолг рок на чување е предвиден со закон;
- интегритет и доверливост – личните податоци се обработуваат на начин што обезбедува соодветно ниво на безбедност, вклучително и заштита од неовластена или незаконска обработка, како и од случајно губење, уништување или оштетување, преку примена на соодветни технички и организациски мерки;
- отчетност – Подравка е одговорна за усогласеноста на обработката на личните податоци со наведените принципи и е во можност да ја докаже нивната примена во практиката.
Член 6
(1) Личните податоци се прибираат и обработуваат само за конкретни, јасни и легитимни цели.
(2) Подравка не обработува податоци на начин кој е неспоив со целта за која се прибрани.
Член 7
(1) Се обработуваат само оние лични податоци кои се соодветни, релевантни и неопходни за конкретната цел.
(2) Подравка избегнува прибирање или задржување на податоци кои не се потребни за конкретната активност.
Член 8
(1) Подравка презема разумни и соодветни мерки за одржување на точноста и ажурноста на личните податоци.
(2) Податоците се проверуваат периодично и по потреба.
(3) Неточните податоци се исправуваат или бришат кога тоа е потребно.
VI. УПРАВУВАЊЕ СО АКТИВНОСТИТЕ НА ОБРАБОТКА
Член 9
(1) Секоја активност на обработка на лични податоци во Подравка мора да биде идентификувана и документирана согласно применливите законски барања.
(2) ROPA (Record of Processing Activities), односно Евиденција за активностите за обработка на лични податоци претставува централна евиденција на активностите на обработка.
(3) За секоја релевантна активност во ROPA се утврдуваат, согласно законските барања:
- целта;
- категориите на лични податоци;
- категориите на субјекти;
- правниот основ;
- корисниците;
- обработувачите;
- роковите на чување;
- трансферите;
- безбедносните мерки;
- други релевантни информации.